октомври 25, 2024

На територија на СВР Тетово изминатата ноќ санкционирани се 29 пијани возачи. Од нив, 13 возачи се санкционирани во Тетово, а 16 во Гостивар. Еден возач во Тетово имал над два промили алкохол.

– Возачите-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движат од 225 до 275 евра во денарска противвредност. Покрај ова, времено ќе им се одземат и нивните возачки дозволи од три месеци до една година, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

Во полициската акција изречени се и 16 други прекршоци  од кои 10 во Тетово и шест во Гостивар. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK