октомври 25, 2024

Наташа Бересфорд (26) е прогласена за прва победничка на изборот за убавина без шминка одржан во Англија.

Наташа се прошета на модната писта во едноставен бел фустан од тантела, а целиот изглед го заокружи со едноставни бисерни обетки. Според правилата на изборот за мис, на натпреварувачките не им било дозволено да се шминкаат ниту една трошка, па Наташа носела само светла насмевка.

По освојувањето на титулата Мис Лондон, таа ќе учествува на изборот за Мис на Англија подоцна оваа година.

Инаку, оваа 26-годишна девојка работи како медицинска сестра во стоматолошка ординација, а по победата, како што вели, се надева дека со оваа титула ќе ги инспирира младите жени и девојки ширум светот.

„Луѓето треба да ги прифатат нивните силни и слаби страни. Убавината е во едноставноста“, рече таа.

The post Се одржа првиот избор за убавина без шминка во Англија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK