октомври 25, 2024

На социјалните мрежи е објавено вознемирувачко видео од киднапирањето на млада Израелка.

Седејќи на предниот дел од моторот на терористот со раширени раце кон своето беспомошно момче, студентката Ноа Аргамани молеше за нејзиниот живот и врескаше: „Не ме убивај, не, не, не“ – но напаѓачот побрза, а Ноа не е видена оттогаш..

„НЕ МЕ УБИВАЈТЕ, НЕ! Вознемирувачко видео: Хамас киднапираше студентка – Влетаа во пустинска забава и КИДНАПИРАА ЛУЃЕ

Нејзиното момче Ави Нејтан е оставен во пустина, вознемирен и беспомошен. И тој исчезна без трага.

Родителите дури кога го виделе видеото дознале за киднапирањето

– Замислете како е за нејзиното семејство – искоментирал нејзиниот цимер од универзитетот, Амир Моади. Дека е киднапирана дознале дури кога случајно наишле на видео на интернет.

This young Israeli girl, Noa, was attending a dance festival in Israel when Palestinian terrorists attacked.

She has been kidnapped and taken into Gaza. #IsraelUnderAttack #Gaza pic.twitter.com/v1OIP7F8gH

— Ari Ingel (@OGAride) October 7, 2023

Заедно со стотици други млади Израелци, Ноа и Ави уживаа на музички фестивал во пустината кога беа принудени да избегаат за да си ги спасат животите од терористите на Хамас.

Младите Израелци се собраа на музички фестивал во Кибуц Реим, во близина на Појасот Газа, за да го прослават крајот на верскиот празник Сукот. Сепак, забавата се претвори во хаос откако палестинските терористи почнаа да гаѓаат ракети и да пукаат во толпата.

HOLY SHLIT

Hamas paradropped right into an ongoing rave in Israel

They had no idea what was coming pic.twitter.com/dl78zDkRIM

— Jack Poso (@JackPosobiec) October 8, 2023

Таа не е единствената, десетици други наводно биле киднапирани и однесени преку граница во Појасот Газа. Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат како стотици луѓе врескаат и плачат додека пеш бегаат од местото на настанот, бркани од звукот на истрелите.

Требаше да одам на забава во пустина, но во последен момент решив да не – рекол Амир, пријател на киднапираната Ноа и додал:

„Таа рече дека пукале во нив, но дека се сокриле.

„Последен пат се слушнавме со неа околу 10 или 11 часот утринава кога на сите ни испрати порака дека терористите отвориле оган и ги бркаат сите, но дека и двајцата се безбедни и се кријат.

Како што дополнително објасни, од тој момент не се слушнале, а потоа на социјалните мрежи виделе застрашувачко видео од киднапирањето.

Оттогаш немаме слушнато со нив, но потоа, за жал, на интернет видовме вознемирувачки видеа од нејзиното киднапирање. Семејството се согласува со нас да го објавиме ова бидејќи сакаат таа да биде ослободена и се надеваат дека некој ќе помогне. Нејзините родители се во шок и не можат ни да зборуваат. Таа е нивното единствено дете – изјави загрижена пријателка на киднапираното девојче.

ВИДЕО ОД КООРДИНИРАНАТА АКЦИЈА НА ХАМАС | РЕДОСЛЕНО ПРИКАЖАНИ НАПАДИТЕ ОД ВОЗДУХ, ВОДА И ЗЕМЈА
ОФИЦИЈАЛНО: ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ ВОЈНА!
ТУРСКИТЕ АРХЕОЛОЗИ ПРОНАЈДОА ГЛАВА НА СТАТУА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ?
ВИСТИНСКА ВОЈНА: ИЗРАЕЛСКИТЕ ТЕНКОВИ ПОЧНАА ДА НАПАЃААТ! Жестоки борби со Хамас во близина на јужниот град Маген во близина на Појасот Газа (ФОТО, ВИДЕО)
Дачиќ: Како не ви е срам – Куманово во 2015 година не беше терористички чин за ЕУ, а Бањска е

Според нејзината пријателка, Ноа е прекрасна, позитивна жена, секогаш љубезна и сакала да патува. Таа штотуку се врати од Шри Ланка. Сите се во шок и не можеа ни да помислат дека вакво нешто може да се случи дома.

Најмалку илјада Израелци учествуваа на музичкиот фестивал, а некои од нив останаа во камп во пустина.

Да потсетиме дека Хамас започна голем напад врз Израел рано во саботата со илјадници истрелани ракети и невиден напад од вооружени лица врз пограничните заедници. Досега загинаа најмалку 250 лица, додека во Појасот Газа загинаа околу 232 лица. Околу 1.800 луѓе се повредени во Израел, а околу 1.650 повредени добиле помош во Газа по ракетниот напад врз јужен и централен Израел. Хамас ја презеде одговорноста, а Израел прогласи воена состојба и започна контранапад.

Вооруженото крило на милитантната група Хамас денеска соопшти дека истрелало 150 ракети кон Тел Авив, пренесува „Ројтерс“. Претходно денеска палестинската исламистичка група Хамас истрела голем број ракети кон јужните делови на Израел, а сирените се огласија во Тел Авив и Бершева.

Хамас соопшти дека при првото гранатирање биле истрелани 5.000 ракети, додека израелската армија објави дека биле истрелани 2.500 ракети.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK