октомври 25, 2024

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, на Фејсбук сподели старо видео од 2016 година, на кое во одело крши ќерамиди.

„ ТАМЕШИВАРИ – УМЕТНОСТ НА КРШЕЊЕ

Оваа снимка настана сосем спонтано во ноември 2016, првиот ден од предизборната кампања на парламентарните избори, после заедничкиот ручек во домот на Љубе Бошкоски во с. Челопек на кој присуствувавме со Љубчо Георгиевски и уште дваесетина лица од раководствата на ВМРО НП, Обединети за Македонија и Достоинство.

Откако забележав дека на соседната куќа го менуваат покривот, од мајсторите побарав да ми дадат 5-6 ќерамиди. Бидејќи немаше блокови на кои ќе ги наместам и подготвам за кршење, ќерамидите ги поставив врз два расцепени трупци.
По завршувањето на ручекот ги повикав присутните да им демонстрирам една од моите боречки специјалности, техниката тамешивари (уметност на кршење). Самиот чин на кршење бара огромна фокусираност и трае сосем мал дел од секундата. Претходно, за време на ручекот, во позадина одеше преубавата македонска песна “Крушево абер пристигна“ во која Тодорка бара од нејзиниот татко да и купи пушка берданка и сабја пренгија за да оди во комити.
Додека присутните љубопитно и со неверување гледаа во мене брзопотезно го прилагодив претходно слушнатиот стих и со подигнати раце изрецитирав:
“Дајте ми тенка пушка берданка и остра сабја дамасклија, но некогаш ако нема ниту пушка, ниту сабја, имаме раце!“
Само што го изговорив последниот збор мојата отворена десна тупаница молњевито удри во наредените ќерамиди кои во истиот миг се преполовија од силината на прецизниот, фокусиран удар.
Иако во јавноста многумина ме навредуваат, се шегуваат или фаќаат сеир на моја сметка, сепак кршењето предмети (тамешивари) е една од најопасните техники во боречките вештини. Оние кои се исмеваат со оваа техника треба да се запрашаат што ќе се случи доколку мета на ударот претставува било кој дел од човековото тело. Најверојатно ќе биде скршен.
ТАМЕШИВАРИ – УМЕТНОСТ НА КРШЕЊЕ

Тамешивари е уметност на користење на делови од телото, како што се раката, лактот, главата или стапалото за кршење дрво, плочки, ќерамиди, тули, камен, мраз, бејзбол палки, итн.
Покрај напорна и долготрајна физичка обука и физичка сила за тамешивари е неопходна максимална фокусираност и концентрација.
Ако некој верува дека е способен да скрши некој предмет, тогаш може да ја ослободи целата своја физичка енергија во една точка. Секоја ментална резерва, како што е загриженоста дека предметот кој се крши е многу тврд или дека нема да се скрши, ќе ја спречи максималната употреба на моќта и потенцијалот на техниката.
Обично борецот започнува тамешивари со борови штици а потоа крши цигли, ќерамиди, тули, камен, мраз или дури и безбол палки.
Предупредување: Исклучително е опасно необучено или недоволно обучено лице да се обиде да изведе тамешивари. Неправилно изведена техника може да доведе до сериозни повреди, напиша тој на Фејсбук.

The post Братот Стојанче: Со ваков удар, не само ќерамиди, и коски се кршат !!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK