октомври 25, 2024

Канадскиот музичар Дрејк  ја воодушеви публиката на концертот во Торонто кога го прекина својот настап за да каже дека ќе плати лекување за обожавател кој се бори со мултиплекс склероза.

Девојчето на концертот пристигна со транспарент на кој пишуваше:

– Само што дознав дека имам мултиплекс склероза. Дали би ми помогнале?

– Ќе направам се што е потребно за да ти ја пружам најдобрата помош на светот. Го имаш мојот збор – рекол раперот откако го забележал транспарентот и додал дека и неговиот долгогодишен продуцент се бори со мултиплекс склероза и дека може да ги поврзе.

Дарежливоста на Дрејк дополнително ја раздвижи толпата кога забележа неколку транспаренти со обожаватели кои го молеа да им ја плати школарината за факултет.

– Некој да ја најде таа личност. Еве што ќе правиме. Ќе ви ја платиме школарината – рече на општо воодушевување на присутните.

Да потсетиме дека Дрејк неодамна откри дека планира да се одмори од музиката.

– Ќе бидам искрен, морам да се фокусирам пред се на моето здравје. Сакам луѓето да бидат здрави во животот – објаснил тој.

Drake is paying tuition for some people in the crowd + giving a girl who has MS whatever it takes to get in better health tonight in Toronto. #IAABtour pic.twitter.com/JjKemzlYXC

— Word On Road (@WordOnRd) October 7, 2023

The post (Видео) Само што дознав дека имам мултиплекс склероза: Дрејк прекина концерт за да објави дека ќе и плати лекување на обожавателка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK