октомври 24, 2024

На видео снимката што беше доставена до нашата редакција се гледа целиот инцидент што се случи на 18 септември на Кардиохирургија кога поранешниот директор Јовев вербално и физички напаѓа неколку вработени а потоа го нападнал и сегашниот директор, Марјан Шокаровски, при што го удира со глава по лупите.

Агресивно и нападно гестикулирање што укажува на висок тон д-р Јовев упатува прво кон медицинска сестра, како што беше првично објавено. На снимката се гледа како потоа д-р Јовев физички го напаѓа и колегата физиотерапевт, го турка и го удира, додека тој зборува на телефон.

Во текот на целиот инцидент, д-р Јовев е присутен во оперативниот и интензивен дел во цивилна облека и несоодветно за влегување во овој дел од клиниката, што е исто така строго кршење на болничките правила и сериозна закана за пациентите.

По инцидентот Јовев самиот се пријавил во полиција но притоа кажал дека бил нападнат, а снимката го потврдува токму спротивното, односно дека Јовев физички и вербално напаѓал колеги и директорот Шокаровски.

Сето ова се случува кога Јовев веќе не е директор на Кардиохирургија и за неговото однесување за време на неговото директорување кон вработените беше пишувано и неколку вработени излегоа со сведоштво за мобинг, малтретирање и закани.

ФОТО+ВИДЕО | ДАЛИ ВОЈНАТА СЕ ПРЕФРЛА ВО САД !? Жесток конфликт на улиците во Њујорк: Палестинци го палат и газат знамето на Израел и се тепаат во близина на зградата на ОН
МЕЛИТА СЕ ОТВОРИ: СОМЕ СО ГОДИНИ МЕ ИЗНЕВЕРУВАШЕ
Снимка како д-р Јовев физички и вербално ги напаѓа колегите на Кардиохирургија
ВИДЕО | ЛЕПА БРЕНА ПЕЕЛА НА ГЕЈ СВАДБА ВО ШПАНИЈА – Србин и Хрват пратиле приватен авион за балканската ѕвезда во Белград, а еве и колку и платиле за настапот
„Ќерка ми е, ја препознав“ – Хамас парадира со безживотно тело на девојка

извор: 4њуз

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK