октомври 24, 2024

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров во понеделникот зборуваше за крвавиот конфликт меѓу Хамас и Израел.

КАДИРОВ ПОДГОТВЕН ДА ИСПРАТИ ВОЈНИЦИ ВО ГАЗА: Ја поддржуваме Палестина, убивањето на цивилите мора да престане, конфликтот може да се претвори во ПОГОЛЕМА ВОЈНА

Апелирам до меѓународната заедница барем еднаш едногласно да донесе правична одлука за ситуацијата во Палестина. Апелирам до лидерите на муслиманските земји, формирајте коалиција и ги повикувате оние што ги нарекувате пријатели, Европа и целиот Запад, да не бомбардираат цивили под изговор дека уништуваат милитанти. Ја поддржуваме Палестина. И ние сме против оваа војна, која за разлика од другите конфликти може да се претвори во нешто повеќе – рече Кадиров во пораката објавена на неговиот канал Телеграм.

(Видео) Македонската Влада обоена во боите на израелското знаме
Што се случува со телото кога ќе претераме со леб? Зголемувањето на килограмите е најмалиот проблем, има нешто многу полошо (фото)
КАДИРОВ ПОДГОТВЕН ДА ИСПРАТИ ВОЈНИЦИ ВО ГАЗА: Ја поддржуваме Палестина, убивањето на цивилите мора да престане, конфликтот може да се претвори во ПОГОЛЕМА ВОЈНА
ХАМАС БАРА прекин на огнот: Ги постигнавме нашите цели и сега можеме да преговараме со Израел
Ќе почнеме да ги убиваме заложниците! Хамас испрати застрашувачки закани до Израел

Кадиров нагласи дека многу добро ја познава ситуацијата во Израел. – Јас лично бев во Израел. Нашата мирна делегација од прва рака доживеа обиди за отворена провокација. Затоа повикувам да престане и војната и каква било форма на ескалација на ситуацијата. Нашите единици се подготвени да дејствуваат како мировни сили за да го воспостават редот и да се спротивстават на сите вознемирувачи доколку е потребно такво нешто – рече Кадиров.

Конфликтот меѓу Хамас и израелската армија трае веќе трет ден. Повеќе од илјада луѓе беа убиени, а најмалку 4.000 беа ранети. Хамас вечерва се закани дека ќе започне со убивање на израелски затвореници доколку Израел не престане со нападите врз цивилни цели во Газа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK