октомври 24, 2024

Пред преполна сала во хотелот “Холидеј ИН”, синоќа беше промовиран новиот политички субјект “ЗНАМ – за наша Македонија”, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

Димитриевски, повикувајќи се во говорот на сојуз со народот, рече дека Македонија не треба да биде приватна држава во сопственост на поединци. Како и сите досегашни основачи на нови партии и актуелни и бивши лидери на политички субјекти, и тој кажа дека ќе се залага за департизација на судството, на полицијата, обвинителството и на сите институции.

Ќе мораме да ја направиме Македонија самоодржлива држава, не може да доаѓаат од надвор да ни ги земаат ресурсите, а ние да бидеме кираџии – рече Димитриевски – истакна Димитриевски.

Тој се осврна и на новата ситуација со платите на функционерите, па порача:

-Веднаш по освојување на власта ќе предложиме ново законско решение со коешто ќе се реевидираат и проверат сите плати. Затоа што не може вашиот градоначалник како мене да зема 160 000 денари плата а вие во општината да земате по 20 000 денари плата.

The post Максим се срами што зема 160.000 денари плата, а народот гладува appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK