октомври 24, 2024

Припадниците на САЕ Тигар освоија 7 први, 2 втори и 2 трети места на меѓународниот турнир во спортско стрелаштво „СТРЕЛЕЦ КАЛЕС КУП 2023“

Припадниците на Специјалната антитерористичка единица „ТИГАР“ при МВР, на покана на Македонската спортска стрелачка федерација и на Стрелачкиот клуб „СТРЕЛЕЦ“ традиционално и годинава учествуваа на меѓународниот турнир во стрелаштво „Стрелец Калес Куп 2023“, кој се одржа на 7 и 8 октомври.

Во силна конкуренција и изразен спортски дух, на овој натпревар со меѓународен предзнак, на кој учествуваа и натпреварувачи од земјите од регионот, припадниците на САЕ „Тигар“ се натпреваруваа и во ЕКИПНА конкуренција освоија 3 први и 2 трети места и тоа: прво место во дисциплината “Open rifle 300 метри”, прво место во дисциплината „Пиштол 25 метри-мажи“, прво место во дисциплината „Пиштол 25 метри – жени“, трето место во дисциплината “Open rifle 100 метри”, трето место во дисциплината “Target rifle 100 метри”.

Во ПОЕДИНЕЧНА конкуренција, пак, припадниците на „Тигар“ освоија 4 први и 2 втори места, и тоа: прво место во дисциплината “Target rifle 300 метри”, прво место во дисциплината “Open rifle 100 метри”, прво место во дисциплината “Hunting rifle 200 метри”, прво место во дисциплината „Пиштол 25 метри – жени“, второ место во дисциплината “Open rifle 300 метри” и второ место во дисциплината „Пиштол 25 метри – мажи.

The post Припадниците на САЕ Тигар освоија 7 први, 2 втори и 2 трети места на меѓународниот турнир во спортско стрелаштво „СТРЕЛЕЦ КАЛЕС КУП 2023“ appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK