октомври 24, 2024

Српската пејачка Александра Пријовиќ објави дека го закажала петтиот концерт во арената во Загреб.

Пејачката по четири распродадени Арени во Загреб, закажа и петта. Како што ги информирала своите фанови преку Инстаграм, на 6 декември ќе го одржи својот петти солистички концерт во главниот град на Хрватска. Александра затоа ќе настапи во оваа сала на 1, 2, 3, 4 и 6 декември и ќе собере вкупно речиси 90.000 фанови.

Во медиумските кругови веќе се шпекулира за вртоглавата заработка на пејачката која и покрај бројните трошоци за концерти ќе профитира и од нив. Само од концертите во Загреб, српската пејачка за четири концерти ќе заработи минимум 2.225.000 евра, а доколку се распродаде и петтиот, сумата ќе изнесува нешто повеќе од 2.780.000 евра.

Бидејќи капацитетот на Арена Загреб со приземје е 22.000 седишта, но со оглед на поставените 150 шанк маси, бројката е помала, па Александра Пријовиќ секоја вечер ќе пее за околу 17.500 луѓе.

Влезниците за концертот на Александра Пријовиќ се движат од 25 евра за првиот дел до 130 евра за најскапите места во ВИП кутиите. Распродадени се и шанк масите за кои се потребни минимум шест купени влезници, а цената на еден таков билет е 45 евра.

Без најскапите места во ВИП кутиите, просечната цена на билет за концерт е 31,8 евра, што значи дека Александра Пријовиќ ќе заработува минимум 555.000 евра по концерт.

Инаку, Александра е феномен и апсолутен рекордер, бидејќи ниту една пејачка од Србија не успеала да наполни дури пет арени по ред.

The post Три милиони евра ќе заработи Александра Пријовиќ само од концертите во Загреб appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK