октомври 24, 2024

Милијардерот и ко-основач на синџирот Duty Free Shoppers, Чарлс Фини почина на 93-годишна возраст, соопшти добротворната фондација „Atlantic Philanthropies“, која тој ја основаше.

Се прецизира дека тој починал во Сан Франциско. Причината за неговата смрт не е соопштена. Чарлс Фини, инаку е роден во 1931 година во Њу Џерси.

Бизнисменот основал глобален синџир на продавници „бесцарински“ кои продаваат алкохолни пијалоци, парфеми, накит и други стоки за туристите на аеродромите и граничните премини.

За време на својот живот, Чарлс Фини создал група фондации преку кои ги донирал речиси сите свои пари, осум милијарди долари, во добротворни цели.

„Чарлс Фини беше исклучителен претприемач, граѓанин на светот и им помагаше на луѓето на кои им беше потребна помош“, изјавил Питер Смитам, поранешен претседател на одборот на „Atlantic Philanthropies“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK