октомври 24, 2024

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица денес го лишиле од слобода В.К.(36) од с.Дамјан, радовишко, затоа што во возило комбе „фиат дукато” со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 20 лица мигранти од Непал.

Имено, околу 13.20 часот во близина на наплатна станица Демир Капија, во правец Неготино-Демир Капија, полициски службеници го забележале возилото и дале знак за негово запирање. Возилото продолжило со движење, по што на наплатната станица возачот го запрел и тој со уште едно лице го напуштиле местото. При преглед во возилото биле пронајдени мигрантите, а  по преземени мерки бил пронајден возачот В.К., кој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Увид бил извршен и за настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба мигрантите ќе бидат сместени во прифатно-транзитен центар во Табановце и во Прифатниот центар за странци-Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK