октомври 24, 2024

Поранешниот лидер на Хамас, Калед Мешал го повика муслиманскиот свет да протестира в петок за поддршка на Палестинците и соседните земји да се приклучат на војната против Израел.

Поранешен лидер на Хамас ги повикува соседните земји на војна против Израел!

„В петок мораме да одиме на плоштадите и улиците на арапскиот и исламскиот свет“, рече Мешал, кој моментално ја води канцеларијата на дијаспората на Хамас, во порака испратена до западни новински агенции.

Тој изјави и дека владите и народите на Јордан, Сирија, Либан и Египет имаат голема должност да ги поддржат Палестинците.

НОВ ФРОНТ! Израел нападнат од друг фронт! Дронови и параглајдеристи летаат преку граница, се слушаат разорни експлозии!
Ударна вест: Вооружени формации со падобрани и пеш влeгуваат од Либан во Израе
Поранешен лидер на Хамас ги повикува соседните земји на војна против Израел!
Мизрахи: Има целосна суспензија на контролните механизми што биле поврзани со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија
Се остварија предупредувањата на Лазански: Еве што кажа за израелско-палестинскиот конфликт пред три години!

„Ова е моментот на вистината, вие сте блиску до границите и сите знаете каква е вашата одговорност“, рече Мешал, кој се наоѓа во Катар.

Јордан и Либан се земјите со најголем број палестински бегалци.

„За сите оние кои предаваат џихад… за сите оние кои предаваат и учат, ова е моментот да се применат (теориите)“, рече високиот претставник на Хамас.

Мешал го упати повикот кога Израел најави дека ќе го засили својот одговор на нападот на палестинската група со преземање копнена офанзива.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK