октомври 24, 2024

Жител на Калифорнија ја освои втората највисока добивка на лотарија во светски рамки – неверојатни 1,73 милијарда долари – во средата вечерта.

Џекпотот на американската лотарија „Пауербол“ порасна на неверојатни 1,73 милијарда долари откога не беше извлечен во понеделникот вечерта.

Добитникот има право на избор помеѓу годишна награда вредна околу 1,7 милијарда долари или паушална исплата проценета на 756,6 милиони долари. Секако, државата ќе ѝ наметне огромен данок на наградата.

Добивката од 1,73 милијарда долари е втора по големина по онаа од 2,04 милијарди долари извлечена во Калифорнија минатиот ноември.

„Пауербол“ се игра во 45 американски сојузни држави. Во повеќето од нив еден лоз чини два долара. Играчите сами си ги избираат броевите.


The post Американец освои освои џекпот од 1,7 милијарда долари, втората најголема добивка во светот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK