октомври 24, 2024

Турскиот заменик министер за образование Назиф Јилмаз на Твитер објави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху „ќе умре“.

„Еден ден ќе те застрелаат и тебе. Ќе умреш“, „твитна“ Јилмаз како одговор на видеото објавено од Нетанјаху за израелските воздушни напади врз Газа.

„ЌЕ УМРЕШ“ Турскиот министер испрати застрашувачка порака до Нетанјаху по видеото од нападите во Газа

Нетанјаху требаше да ја посети Турција во следните месеци, откако го одложи патувањето во јули затоа што му беше вграден пејсмејкер, објави „Тајмс оф Израел“. Минатиот месец Ердоган се сретна со Нетанјаху во Њујорк на првата позната средба меѓу двајцата лидери.

Односите меѓу Израел и Турција се одмрзнаа минатата година по долгогодишно непријателство меѓу лидерите на двете земји, главно поради поддршката на Турција за Хамас, пишува весникот.

ТРЕВОГА ВО БРИТАНИЈА: Пресретнат авион од Кенија, следен од француски ловци
“НИКОГАШ НЕМА ДА ЗАБОРАВАМ ДЕКА ТОЈ МЕ ИЗНЕВЕРИ“ – Доналд Трамп со драматично тврдење: “Бенјамин Нетанјаху и Израел не беа подготвени за нападот на Хамас“
„ЌЕ УМРЕШ“ Турскиот министер испрати застрашувачка порака до Нетанјаху по видеото од нападите во Газа
ОБЈАВЕНО ЗОШТО ЈАСЕР АРАФАТ ГО СМЕТАШЕ ХАМАС ЗА КРЕАЦИЈА НА ИЗРАЕЛ!
Додека Вил Смит го тепаше Крис Рок на Оскатите, ова се случуваше во позадина: Го мамеа цел свет со години, сега вистината излезе на виделина (фото)

„Турција преговара за ослободување на заложниците“
Неименуван висок турски функционер денеска изјави дека неговата земја, која историски имала контакти со Хамас, води преговори со цел ослободување на цивилите што ги држи палестинската милитантна организација.

Турција води преговори за цивили кои ги држи Хамас. Според наредбата на претседателот (Реџеп) Тајип Ердоган, во тој процес се ангажирани соодветните институции – изјави неименуваниот турски функционер, без да даде повеќе детали.

Turkey’s deputy minister of education to Netanyahu: “You will die.” pic.twitter.com/PIpKedNsC4

— Yaroslav Trofimov (@yarotrof) October 11, 2023

Петтиот ден од крвавите судири на Блискиот исток однесоа повеќе од 2.300 животи. Според израелските и палестинските власти, во Израел се убиени повеќе од 1.200 луѓе, а бројот на загинати Палестинци е над 1.100. Повеќе од 5.000 беа ранети од двете страни на фронтот. Денеска започна шестиот ден од воените операции меѓу израелските воени сили и Хамас, а во војната е вклучена и либанската паравоена формација Хезболах, која е на страната на Хамас.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK