октомври 24, 2024

Легендата на забавната музика на овие простори, пејачката Маја Оџаклиевска која имала успешна кариера и бројни хитови во 80-тите и 90-тите во еден момент одлучила да се повлече од јавноста за да се посвети на внукот Лука на кој пред девет години му е дијагностициран аутизам.

Маја во неколку наврати зборуваше за нејзиниот внук и откри дека таа прва забележала дека нешто не е во ред.
Во емисијата „Живот во рамнотежа: Разговори со душата“ на ТВ Блиц, пејачката откри како го поминува времето денес, а најубаво и е кога денот го минува со внукот Лука.

‒ Одеднаш почна да се крие, да има напади, но тоа не изгледаше како гнев. Детето помодре, знаев дека не е во ред и дека треба да го однесеме некаде.

Го однела, кога никој не знаел, во Центарот за деца со пречки во развој, каде веднаш се посомневале на аутизам.
‒ Да знаев тогаш сè што знам сега, верувам дека Лука ќе зборуваше бидејќи во моментот знае само да го каже своето име – искрено рече пејачка.
‒ Му се молев на Бога да научи дека ако некој го застане на улица и го праша како се вика, барем да си го каже името. Барем има некакво водство ако некаде залута. Можеби ова ќе звучи препотентно, јас не сум лекот на Лука. Јас не сум психолог на Лука. Јас сум само баба која го сака безусловно. Целата љубов што ја имам ја насочив кон него, па тој стана помек и поотворен.

‒ Многу се вознемирувам кога тој е вознемирен… Не можам да си го дозволам тоа. Секој пат кога тој има напад, јас сум чекор поблиску до земјата. Што се однесува до мене, би сакала да го завршам животот покрај ќерките и внуците, но ако им бидам товар на децата, дефинитивно ќе се помирам со тоа дека ќе одам во старечки дом истакна Маја.
Маја во една прилика раскажала дека за време на пандемијата со коронавирус искусила додатни проблеми во функционалноста.

– Живееме во мала зграда, така да во дворот сме јас и Лука сами. Тој секој трети или четври ден добиваше аутистичен напад бидејќи не му давав да излезе во двор. Тогаш немав никаква помош, зборував со кол центар за социјална работа за да ми испратат некоја млада личност која ќе го прошета. Меѓутоа тие рекоа што ако таа млада личност е заразена па да пренесе вирус. И, им реков дека се целосно во право, раскажала таа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK