октомври 24, 2024

Хигиеничарка во Штутгарт заработила неколку илјади евра со тоа што наплаќала за бесплатен тоалет на фестивал.

Германската полиција ја истражува хигиеничарка која незаконски им наплаќала на посетителите да го користат бесплатниот тоалет на фестивалот Канстатер во Штутгарт. Хигиеничарката е уапсена и осомничена дека незаконски се збогатила. Таа била уапсена од полиција во цивилна облека, пишува порталот Штутгартер- Накриштен.

Полициската управа во Штутгарт на социјалната мрежа Икс го објави случајот. Објавиле и фотографија од заработката на хигиеничарката.

„Хигиеничарката ги терала луѓето да плаќаат за користење на бесплатниот тоалет и со тоа заработила неколку илјади евра. Ова е недозволиво. Жената е уапсена и водиме истрага“, соопштија од полицијата.


The post Хигиеничарка заработила илјадници евра откако на посетители им наплаќала за бесплатен тоалет на фестивал во Штутгард appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK