октомври 24, 2024

Легендарниот фудбалер, Дарко Панчев го пофалби актуелното раководство на Фудбалската федерација на Македонија и рече дека ако оваа репрезентација е најдобра во историјата, тогаш и Сејдини е најдобриот претседател кој сме го имале досега.

Панчев беше еден од најголемите критичари на на ФФМ и беше гласен против речиси сите претходни раководства на федерацијата. Популарниот „Кобра“ сега смета дека имаме гарнитура по мерка, луѓе кои знаат како треба да го водат фудбалот, па не се штедеше во пофалбите за претседателот Сејдини.

„Мене ми пречеше во еден период кога одредени медиуми велеа најдобра репрезентација во историја на фудбалот, најдобар тренер во историја на фудбалот, во ред, а што е со федерацијата, со претседателот? Од друга страна пишуваат дека треба да го сменат претседателот. Јас им кажував, чекајте бе луѓе, зошто сте така необјективни, ако поради овој успех ги квалификувате така овие три работи како најдобри во историја, па треба и претседателот да го квалификувате како најдобар во историја, тој ја води федерацијата, не ја водам јас. Јас сум објективен и ми пречи таа необјективност. Ние пишуваме јавно, не смееме на граѓаните да им создаваме лажна слика“, рече Панчев во интервју за Фудбалската федерација.

The post Панчев: Сејдини е најдобриот претседател на ФФМ во историјата на Македонија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK