октомври 24, 2024

Авионот на „Ер Србија“ денеска ги превезе државјаните на Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Србија од Израел во Скопје и Белград и на тој начин им помогна да се вратат дома од завојуваната земја.

На видеото се гледа дека авионот бил полн, а Душан Вујовиќ, конзул на српската амбасада во Израел, им посакал на сите патници да се видат во „подобри услови“.
Драги пријатели, го натоваривме последниот патник. Ви посакувам се најдобро, убав пат. Ве поздравувам пред амбасадите на Србија, Северна Македонија, деловниот конзулат на Црна Гора и Амбасадата на Албанија од моите драги колеги кои сето ова го организираа на терен. Прво летај за Скопје, па за Белград, чувај се и се надевам дека ќе се видиме во подобри времиња. Се најдобро уште еднаш – рече Вујовиќ, на што патниците одговорија со извици „Да живее Србија“.
Инаку, Владата на Северна Македонија вчера соопшти дека ќе ги сноси сите трошоци за летот.
Извор: 4news

The post Повторно Србите не спасуваат: Авионот на „Ер Србија“ евакуираше граѓани на Северна Македонија, Црна Гора и Албанија од Израел appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK