октомври 23, 2024

Шест малолетници од основно училиште од Кавадарци се пријавени во полиција, за злоупотреба на фотографии од малолетни девојчиња од истото училиште.

Според портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, децата се повикани на разговор во полиција заедно со нивните родители. 

– Ве известуваме дека во ОВР Кавадарци, заедно со нивните родители, повикани се шест малолетници од Кавадарци и со нив бил извршен службен разговор во врска со претходна пријава од родители дека биле злоупотребени лични податоци, односно фотографии од нивните малолетни ќерки. Според пријавеното, фотографии биле преземени од социјални мрежи и на нив биле измонтирани фотографии со недолична содржина, се вели во писмениот одговор од Ѓаковска, добиен попладнево. 

Таа рече дека се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK