октомври 23, 2024

Пејачот Ламбе Алабаковски по неколкугодишниот престој во Америка повторно се врати дома со своето семејство. Иако се занимава само со музика, во „Жешко столче“ октри дека е дел од политички хајка, потенцирајќи дека постојано добива закани по неговиот живот.

Ламбе Алабаковски: Имам закани по живот, но не се плашам – Си ја сакам Македонија, макар и еден ден ме убиле
Милошоски и татко му се спасија од судот со измените на Кривичен, па седнаа во кафана: Со татко ми на салата и на по една жолта
„Му пеев на Тито пред смртта, криеја дека е болен“ Сузана Манчиќ: Ме извлекоа од предавање и ми рекоа да одам со нив
ЦЕЛИОТ СВЕТ Е ИЗНЕНАДЕН ОД ОВАА ТАКТИКА НА ИЗРАЕЛСКИТЕ ВОЈНИЦИ: Зошто ги покриваат шлемовите? Има две ВАЖНИ ПРИЧИНИ
Мигрантите дивеат, градови во Шведска повеќе личат на Газа отколку на Европа!

– Тука воопшто не се заработува. Ако се работи нормално платата му следува на работникот и господарот треба да му ја даде. Тука нормално нема споредба со платите со Америка, колку таму земаат и остануваат и колку тука земаат и остануваат. Живееме во едно тешко време во кое доминира политиката, особено за нормален човек со нормална работа. Гледајќи сега овие две години откако се вратив, прво не се вратив воопшто за да заработувам пари. Особено гледајќи го ова лето кога имав многу настапи, кога ќе направи човек математика и речиси и да не останува ништо. Бидејќи јас не сум вработен, друга работа немам, и мојата сопруга исто не е вработена, имаме поддршка од фамилијата. Последно имам многу закани, и на почеток, но и сега. Тоа се последиците. Во пораки на некои реални профили на Инстаграм, на Фејсбук.

Не се плашам, макар и еден ден ме убиле, бидејќи си ја сакам својата земја и тоа ќе биде дека сум загинал за неа. Да влезам и во знајни и незнајни, не е битно, битно е дека ме лишиле од живот поради својата земја. Не се плашам, но непријатно е, секој втор ден да имаш такви закани, вели Ламбе во емисијата „Жешко столче“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK