октомври 23, 2024

Агенцијата за управување со одземен имот соопшти дека е започната постапка за враќање на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски. Станува збор за станови, апартмани и градежно земјиште кои му се одземени со правосилни судски одлуки.

Ламбе Алабаковски: Имам закани по живот, но не се плашам – Си ја сакам Македонија, макар и еден ден ме убиле
Милошоски и татко му се спасија од судот со измените на Кривичен, па седнаа во кафана: Со татко ми на салата и на по една жолта
„Му пеев на Тито пред смртта, криеја дека е болен“ Сузана Манчиќ: Ме извлекоа од предавање и ми рекоа да одам со нив
ЦЕЛИОТ СВЕТ Е ИЗНЕНАДЕН ОД ОВАА ТАКТИКА НА ИЗРАЕЛСКИТЕ ВОЈНИЦИ: Зошто ги покриваат шлемовите? Има две ВАЖНИ ПРИЧИНИ
Мигрантите дивеат, градови во Шведска повеќе личат на Газа отколку на Европа!

– Со влегувањето во владина постапка започна враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски. Станува збор за два стана кои што се наоѓаат на ул.Бихаќка еден од 65м2, другиот од 44м2 на КО Кисела Вода 1, одземени со правосилна пресуда III KOK.бр.63/21 од Основен кривичен суд Скопје. Покрај овие два стана одземени се и три апартмани во Панорама Резиденс, како и градежно земјиште во КО Центар и градежно земјиште во КО Норово за кои што исто така, во најкратко време, ќе бидат ставени во постапка за продажба, објави на својата фејсбук страница Агенцијата за управување со одземен имот.

Поранешниот премиер Никола Груевски, против кого се водат неколку судски предмети, во 2018 година, по објавувањето на затворската казна за случајот „Тенк“, побегна во Унгарија каде што доби азил. Македонските власти по него имаат распишано меѓународна потерница.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK