октомври 23, 2024

Француските обвинители го истражуваат наводното труење на руската новинарка која избега од земјата откако во директен пренос ја критикуваше војната во Украина.
Марина Овсијаникова вчера се јавила на 911 и била хоспитализирана откако ненадејно ѝ се слошило во нејзиниот стан во Париз и изјавила дека се сомнева дека е отруена, соопшти обвинителството.

Полицијата го претресува нејзиниот стан и истрагата е во тек, додаваат од канцеларијата.

Репортери без граници, кои ѝ помогнаа на Овсијаникова да избега од Русија и да се насели во Франција, соопштија дека нивниот тим бил покрај неа откако таа побарала лекарска помош.

Групата, позната и по францускиот акроним RSF, немала дополнителни информации за тоа што се случило, пренесува АП.

Овсијаникова, која работеше за руската државна телевизија Канал 1, привлече меѓународно внимание во март 2022 година, откако се појави зад водителка на вечерните вести со натпис: „Стоп за војната, не верувајте во пропагандата, ве лажат“.

Таа беше обвинета за омаловажување на руската војска и казнета со 30.000 рубли (270 долари во тоа време). Таа подоцна организираше протест во близина на Кремљ во јули 2022 година, беше приведена и ставена во домашен притвор пред да побегне во Франција со својата ќерка.

На почетокот на овој месец, московскиот суд во отсуство ја осуди на осум и пол години затвор поради ширење лажни информации за руската војска.

Тоа е најновиот пример на руското задушување на несогласувањето, кое се интензивираше откако Русија ја нападна Украина пред речиси 20 месеци.

The post Отруена е новинарката која во вести протестираше против војната во Украина appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK