Младиот актер Бранко Атанасов од Драмскиот театар- Скопје оваа година е добитник на наградата за најдобра споредна улога во улогата на Саломе од претставата ,,Кафез кај кокони”, на 26. по ред Меѓународен Театарски Фестивал „Денови на комедијата 2023“ кој се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Атанасов има улога и во хит комедијата „Обвинителка“ каде сцената ја дели заедно со југословенската ѕвезда Лидија Вуќичевиќ, како и со Магдалена Ризова – Черних и Сашо Ристовски.
Овој период е и на турнеја низ нашата земја со детската претстава ,,Разгалениот принц” каде измамува насмевки со најискрената и најдобра публика – децата.
Бранко Атанасов има улога и во романтичната комедија „Ожени ме“, дуодрама со која минатата година освои награда на Интернационалниот фестивал на дуодрама ,,Бранко Ѓорчев” за најдобар актерски пар.
Наградата за најдобра актерка ја доби Наталија Теодосиева за улогата во „Илуминати“ на Театар Комедија од Скопје, а актер – Александар Степанулески – за „Кафез кај кокони“, на Драмски.
The post Бранко Атанасов ја доби наградата за најдобра споредна улога на „Денови на комедијата“ во Куманово appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде