декември 28, 2024

Рускиот политичар Олег Матвеичев изјави дека Русија успешно ја заврши демилитаризацијата на Украина уште во април или мај.

Рускиот политичар Олег Матвејчев изјави дека во Русија треба да престане употребата на терминот „украински вооружени сили“, пренесува хрватски „Индекс“. Ова го изјави на државната руска телевизија.

Тој објасни дека Руската Федерација успешно ја завршила „демилитаризацијата“ на Украина уште во април или мај. Според него, поголемиот дел од украинското оружје и муниција потекнуваат од пактот на НАТО.

„Целта што ја постави Путин во врска со демилитаризацијата на Украина беше всушност постигната уште во април или мај, ако сме искрени. Оттогаш, Украина повеќе ги нема вооружените сили што ги имаше на почетокот на конфликтот. Можеби е време да престанете да го употребувате терминот „украински вооружени сили“ како таков во нашите телевизиски програми и секаде на друго место“, рече Матвејчев.

According to MP Oleg Matveichev, Russia actually finished demilitarising Ukraine back in April or May

He says that on state TV they should all stop using the term “Ukrainian Armed Forces” because Russia is now just fighting “Nato forces” pic.twitter.com/Q7iLVnHioy

— Francis Scarr (@francis_scarr) December 19, 2022

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK