декември 28, 2024

Повеќе од 60 отсто од Германците се против миграциската политика на сојузната влада

Во истражувањето на јавното мислење спроведено од „ЈуГов“ во име на германската новинска агенција, речиси секој втор човек (47 проценти) се согласува со изјавата дека „имиграцијата најмногу има негативно влијание врз Германија“. Само 29 отсто од анкетираните сметаат дека мигрантите имаат позитивен ефект врз нивната земја, додека речиси една четвртина биле неодлучни по тоа прашање, пренесува „Велт“.

Значајни податоци ако се има предвид дека германската влада планира да ја поедностави процедурата за влез на имигранти во земјата, а министерката за внатрешни работи Ненси Фесер е за зголемување на бројот на мигранти.

Германската јавност е силно против пристапот „отворени граници“, кој го воведе сега веќе поранешната канцеларка Ангела Меркел за време на првиот мигрантски бран во 2015 година, кога повеќе од милион бегалци влегоа во Германија.

Истражувањето покажува дека 61 отсто од испитаниците ја оцениле миграциската политика на федералната влада како лоша, додека 28 отсто ја опишале како „многу лоша“ наспроти 27 отсто кои ја оцениле како добра или прилично добра.

Во оваа насока, 44 отсто од жителите во Германија сметаат дека властите треба да ја отежнат имиграцијата, а 20 отсто се за нејзино поедноставување. Сепак, мало мнозинство од 52 проценти ја поддржуваат имиграцијата и натурализацијата на квалификувани работници од странство како лек за недостигот на работна сила во речиси сите области.

Иако негативното влијание на имиграцијата во Германија е широко видливо, имајќи ги предвид терористичките напади и криминалните дејствија поврзани со мигрантите, ваквите реакции во јавноста се своевидно изненадување бидејќи демографската слика во оваа земја брзо се менува. На пример, повеќе од едно од четири лица во Германија има мигрантско потекло, а 27,2 отсто од луѓето во земјата се или самите мигранти или имаат еден или повеќе родители кои не се германски.

Населението во земјата со „мигрантско потекло“ достигна 22,3 милиони во 2021 година, а повеќе од половина од тие луѓе наводно се родени во странска земја.

Во најнаселената германска провинција Северна Рајна-Вестфалија, децата од мигрантско потекло станаа мнозинско население во речиси 1.000 основни училишта.

Исто така, треба да се напомене дека оваа статистика не го вклучува приливот на украински бегалци, ниту други мигранти кои поднеле барање за азил во Германија во 2022 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK