Видеото од нападот беше објавено откако украинскиот претседател Володимир Зеленски дојде во ненадејна посета на Бахмут
Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува дека украинските војници во Бахмут користат противтенковска ракета за да разнесат група од седум руски војници кои шетаат во еден ров, пишува Newsweek.
Видеото беше објавено на комуникациската платформа Телеграм во вторник од страна на украинската политичка партија Трета сила.
„Третата сила продолжува да ги лови платениците на Вагнер во Бахмут“, напишаа тие покрај видеото. „Благодарение на храбрата пешадија која го држи Бахмут, можеме да ги најдеме и уништиме руските јуришници. Ловот продолжува.“
Споменатото видео се појави на социјалните мрежи откако претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно во вторникот ненадејно го посети Бахмут, град во кој во последно време жестоко се борат украинските и руските сили.
Следете не, не има насекаде