октомври 23, 2024

Словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар потврди дека Словенија ќе го суспендира Шенгенскиот договор и ќе воведе контроли на границата со Хрватска и Унгарија, велејќи дека за тоа денеска ги информирал министрите за внатрешни работи на овие две земји.

Според него, Министерството за внатрешни работи на Словенија веќе подготвило официјално известување во согласност со Шенгенскиот договор, кое Владата ќе го одобри утре, а потоа ќе го испрати до Европската комисија, објави Индекс.
Поклукар објасни дека причината за воведувањето на оваа привремена мерка е иста како и во Италија – зголемувањето на заканата од тероризам во Европа.

Дали е ова почеток на поширока ескалација на конфликтот? Горат американските бази во Ирак: Ова е само почеток? (ВИДЕО)
Ердоган: Советот за безбедност на ОН „не ја исполни одговорноста“
Словенија го суспендира Шенгенскиот договор и воведува гранични контроли со Хрватска и Унгарија
Експертот за одбранбени технологии, Орун: Во нападот врз болницата во Газа користена е бомбата МК-84
Северна Македонија и австриската покраина Штаерска потпишаа заедничка декларација за соработка
Аземина од Купрес чува стадо овци и оди на полициска академија
Утре е тежок празник. Се празнува АПОСТОЛ КОЈ ГО ШИРЕЛ ХРИСТИЈАНСТВОТО
Европската централна банка е подготвена за следната фаза на дигиталното евро
Европските парламентарци бараат Србија да го екстрадира Милан Радоичиќ на Косово

„Гледаме што се случи во Франција и Белгија. „Словенија не е исклучок“, предупреди словенечкиот министер за внатрешни работи и додаде дека неговата земја сака превентивно да воспостави дополнителни проверки на балканската бегалска рута.

Поклукар не сакаше да открие кога полицајците ќе почнат со граничните контроли бидејќи, како што истакна, за воведувањето на оваа мерка допрва треба да разговараат словенечката влада и Европската комисија.

„Верувам дека со тоа ја зголемуваме безбедноста на Словенија, што е наш врвен приоритет. Ситуацијата на Блискиот Исток е комплицирана и мораме да направиме се што е во наша надлежност за безбедноста на Словенија“, изјави министерот за внатрешни работи на Словенија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK