октомври 23, 2024

Шефицата на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен кон крајот на месецот треба да допатува во официјална посета на Скопје.

Ова денеска го најави премиерот Димитар Ковачевски, а го потврди и евроамбасадорот Дејвид Гир. Посетата на Фон дер Лајен е во контекст на уставните измени и на заедничкиот прогрес на Албанија и Македонија на патот кон ЕУ.
Последните пораки на францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана навестуваат дека во декември може да има разделување на пакетот Скопје – Тирана, додека Гир денеска уверуваше дека Македонија ужива голема поддршка како од европските институции, така и од самите земји-членки на Европската Унија.

„Мислам дека има силна поддршка за иднината на Северна Македонија во Европската Унија, како од европските институции, така и од членките на Европската Унија. Во јули 2022 година имаше усогласен европски предлог, како можност за отворање преговори со вашата земја. Од друга страна, ова беше можност земјата да оди напред, а за тоа да се случи мора да се одобрат уставни измени. Искрено се надеваме дека земјата ќе може да продолжи со уставните измени, но не само ова, туку и со спроведување на реформите кои всушност се дел од интеграцискиот пат на вашата земја“, изјави Гир.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK