септември 23, 2024

Иако Лувр и Ајфеловата кула се на врвот од листата на секој турист кога патува во Париз, една од изненадувачките атракции на градот се париските гробишта, а најпосетени се Пер Лашез.

Последното почивалиште на значајни личности како Оскар Вајлд, Џим Морисон и Шопен е место кое секоја година го посетуваат околу три милиони луѓе. Сепак, меѓу познатите споменици се издвојува гробот што постигнал култен статус и покрај тоа што неговиот сопственик живеел прилично обичен живот. Станува збор за Виктор Ноар, новинар кој до својата смрт во 1870 година работел за францускиот весник „Марсејз“, а имал само 22 години кога починал.

И покрај прилично обичната кариера, Ноар на крајот бил убиен од принцот Пјер Бонапарта, роднина на Наполеон III, кој владеел во тоа време. Имено, принцот бил навреден од ставовите на весникот за неговото семејство, па го предизвикал уредникот на двобој.

Ноар бил испратен да го договори времето и местото на конфликтот, но тогаш избила тепачка и Бонапарта го застрелал Ноар. Неговата смрт го натералаа Бонапарта да се соочи со бесот на јавноста, особено што на крајот бил ослободен од обвинението за убиство. Тоа дури довело до серија насилни демонстрации, а Виктор Ноар стана револуционерен симбол, а на неговиот погреб присуствувале повеќе од 100.000 луѓе.

Скулптурата лежи рамно на грб, со откопчано палто и шешир на страна, до ногата. Од непознати причини, Далу направил многу забележлива испакнатост под појасот на скулптурата, а тоа предизвикало создавање на бизарен мит кој на крајот го направил гробот на Виктор Ноар симбол на плодноста и сексуалната среќа.

Имено, се верува дека ако жената ги бакне усните на статуата на Виктор Ноар, ја протрие испакнатоста на неговите панталони и му стави цвет во капата, тоа ќе и донесе зголемена плодност и блажен сексуален живот. Сепак, некои жени, додуша, одат подалеку од само бакнување и триење, пренесува британски Мирор.

Како работите земале замав? Ако сакате да најдете љубовник, легендата на сектата вели дека треба да го бакнете Ноар во устата. Ако сакате да забремените, треба да му го истриете десниот чевел, а ако сакате да имате близнаци – тогаш истријте го левиот. Се вели дека бебињата пристигнуваат многу брзо после тоа, а немажените девојки успеваат да најдат сопрузи во рок од една година.

Со оглед на тоа колку е веќе „истрошено“ лицето на скулптурата и испакнатоста на панталоните, скулптурата, се чини, дека е жив доказ дека некои луѓе многу сериозно го сфатиле овој мит. Усните, препоните и чевлите на Виктор Ноар сјаат, додека остатокот од телото го има вообичаениот зеленикав тон на патина.

Иако околу скулптурата во 2004 година била поставена ограда и предупредувачки знак, на кој пишувало „Секоја штета предизвикана од графити или непристојно триење ќе биде кривично процесуирана“, жените брзо ја срушиле.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK