октомври 23, 2024

Трката за Големата награда на Австралија наместо во недела ќе се вози ден порано, во сабота, објавија организаторите на Мото ГП шампионатот.

Оригиналниот распоред беше главната трка да се вози во недела во 14 часот по локално време (5 часот по средноевропско време), додека спринтот беше закажан за сабота во 15 часот (6 часот по средноевропско време).

Сепак, неповолната временска прогноза за недела доведе до презакажување на трката.

Главен проблем е фактот што за недела се најавуваат силни ветрови, околу 70 км/ч, додека налетите треба да достигнат и 90 км/ч. Ова ги прави условите во одредени делови од патеката невозможни за возење.

Во соопштението на организаторите се наведува дека одлуката е донесена од безбедносни причини и дека спринтерската трка ќе се одржи доколку тоа го дозволат временските услови. Остатокот од програмата останува идентичен како што е планиран.

The post Трката за ГН на Австралија ќе се вози во сабота appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK