мај 14, 2024

Во прв ден власт апсиме 100 луѓе и го укинуваме Преспанскиот договор, вели во денешната епизода на Тешки муабети лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

– Економската политика ќе биде социјализам по примерот на Кина, но со макеоднски карактеристики. Тоа значи дека во секоја гранка на индустријата треба да има по еден државен субјект.
Во надворешната политика се игра со секој, нема не идам во Пекинг, абре за доброто на Македонија ќе идеш и во Вашингтон и во Пекинг и во Петербур и во Јужноафриканска република. Играме со сите, па и со Америка. Кога се раѓа нова империја треба да се игра со неа.

Внатрешната политика, првите четири години ќе апсиме, треба да се успсат овие хошташлериве домашни.
Преспанскиот договор се поништува во еден ден, само ти треба власт, еден допис ти треба, Турција си смени име со допис. Во Устав ти стои дека меѓународен договор потпишува претседател, овде потпиша министер, се укинува тоа.

Бугарскиот договор уште полесно се раскинува, не ни треба Собрание, тој е владин договор, Влада ти треба. Тоа е ужасен договор, тоа е покољ, ретуширање на историјата, вели Апасиев.

The post Апасиев: Во прв ден власт апсиме 100 луѓе и го укинуваме Преспанскиот договор! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK