април 29, 2024

„Поштарот Петре“ е новата песна на Зоран Рудан Цеки, кој се потпишува како кантавтор на песната.

„Поштарот Петре“ доби и спот снимена во студио Целофан, во кој се појавуваат актерите Елизабета С. Зафировска и Дарко Вељиќ, кои со мимики и гестикулации, го прават текстот и песната поинтересен.

„Морам да признаам дека во мене носталгијата за минатите времиња е отсекогаш многу присутна и ме инспирира да пишувам и творам. Што се однесува до песната „Поштарот Петре“, само ќе кажам дека повеќето моменти од приказната во песната навистина постојат и се прераскажуваа низ многуте тогашни скопски маала”, изјави Цеки.

За него дополнителна мотивација и душевна награда се честите позитивни и искрени реакции на слушателите, кои воедно се потврда за неговиот долгогодишен труд и присуство на музичката сцена.

 

The post (Видео) „Поштарот Петре“ е новата песна на Зоран Рудан Цеки: вистинска приказна за старо Скопје и маалските дружби appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK