април 29, 2024

На претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, му е изречена доживотна забрана за влез во Македонија, потврди тој за порталот „Лупа.бг“.

„Добив доживотна забрана за влез во Македонија. Нема причина да не ми биде дозволен влез во земјата. Немам ни казна за непрописно паркирање таму, но непожелен сум. Во РСМ имам спроведено над 500 хуманитарни иницијативи, се обидов да му помогнам на Скопје побрзо да влезе во ЕУ, како и да ги зближам двата народа. Наместо благодарност, добив забрана. Ќе ги запознаам со ова Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) на Советот на Европа. На овој начин работите нема да останат незабележани“, рече Стојанов.

Тој веќе имаше забрана од една година и 3 месеци. Кога му завршила забраната, се упатил кон Скопје, но бил вратен назад на граница бидејќи таа му била продолжена на неодредено време.

Стојанов потсети дека поради омраза кон бугарскиот народ, влезот на Северна Македонија во ЕУ беше одложен. Оваа одлука беше донесена на самитот на Берлинскиот процес во понеделникот во Тирана. Зелено светло на патот кон евроинтеграциите добива само Албанија за која во јануари в година се отвора преговарачко поглавје.

„Некои опозициски партии се виновни за заостанатоста на Северна Македонија, како и претседателот Стево Пендаровски. Наместо да гради мостови меѓу двете земји, тој постојано ги уништуваше“, истакна Виктор Стојанов.

The post Виктор Стојанов доби доживотна забрана за влез во Македонија appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK