октомври 23, 2024

Американката Џудит Таи Ранан и нејзината ќерка Натали Ранан (17 г.) беа ослободени две недели откако беа киднапирани од милитантната група Хамас.

Двете жени живеат во Чикаго и биле во посета на роднините во Кибуц Нахал Оз во моментот на нападот. Видеото, наводно, први го објавија Хамас. По нивното ослободување, таткото на Натали Ранан, Ури Ранан, рекол дека таа е добро.

АКРОБАЦИИ СО ЗБОРОВИ | Бесими: Се бара одржливо решение за корекција на функционерските плати
ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНА ОЛИМПИСКА ШАМПИОНКА – Ја промени историјата на овој спорт, а нејзините настапи ќе останат запаметени засекогаш
Четири предности од утринските интимни односи – ве зошто е добро да имате наутро: Тоа ќе влијае на вашето, но и на здравјето на вашиот партнер!
ГЕРМАНЦИТЕ ГИ МАМАТ КУПУВАЧИТЕ ПО МАРКЕТИТЕ: Незабележливо ја намалуваат тежината на производот, а цените остануваат исти
ОВА Е НАЈГОЛЕМОТО ПРЕДВИДУВАЊЕ НА НИКОЛА ТЕСЛА ОД КОЕ ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ – Тоа веќе се случува, а тој бил сто отсто сигурен во истото
ПРВАТА СНИМКА ОД МАЈКАТА И ЌЕРКАТА ОСЛОБОДЕНИ ОД ХАМАС – ПО ДВЕ НЕДЕЛИ, КОНЕЧНО НА СЛОБОДА
Петровска за Делчевските ниви: Нема зошто да се извинувам, борбата против мафијата и тефтерчињата од минатото е најтешка
Фатмир Бесими: “Испраќаме јасни сигнали за справување со инфлацијата која се намали од 19,8 проценти на 6,6 отсто“
ТОА ПОВЕЌЕ НЕ Е УКРАИНА! – Виталиј Кличко даде шокантен одговор на прашање од новинарите

„Јас сум татко на Натали Ранан и поранешниот сопруг на Џудит Ранан. Ова го чекав долго време, не спиев скоро две недели. Денеска ќе спијам. Само што разговарав со ќерка ми. Звучеше добро, беше среќна и едвај чека да дојде дома. Џудит ми кажа дека има гребаница на раката, но не е ништо сериозно. На ќерка ми и е роденден следната недела и сите заедно ќе го прославиме“, изјави Ури Ранан.

На фотографијата објавена од израелската Влада се гледаат две жени и еден маж облечени во јакна како се држат за раце. До нив се уште двајца вооружени војници.

Наскоро, американската амбасада во Ерусалим, исто така, ја објави радосната вест дека се ослободени двајца американски државјани кои Хамас ги држеше како заложници откако ги изврши ужасните терористички напади врз Израел на 7. октомври.

Тие се во сигурни раце на израелските власти во Израел и тим од американската амбасада наскоро ќе се сретне со нив, беше објавено претходната вечер.

Откако беа ослободени, со нив разговараше и американскиот претседател Џо Бајден.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK