октомври 23, 2024

Фудбалерите на Тотенхем со победа на Фулам 2:0 ја спуштија завесата на деветтото коло во Премиер лигата. Со овој триумф Тотенхем се врати на првото место на табелата.

Тандемот Сон-Медисон и на овој натпревар го предводеше тимот на Ангелос Постекоглу.

Во 20.минута, по додавањето од Ришарлисон Сон го постигна првиот гол. Репрезентативеџот на Јужна Кореја во 54.минута му асистираше на Медисон кој го постави конечниот резултат.

Тотенхем на врвот сега има 23 поени, два повеќе од Манчестер сити и Арсенал.

Во следното коло Тотенхем гостува кај Кристал Палас, а Фулам кај Брајтон.

Foto/ EPA

The post (Видео) Сон и Медисон го вратија Тотенхем на врвот во Премиер лигата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK