октомври 24, 2024

Денес, 24 октомври, точно пред 3 години не напушти нашиот татко, нашиот столб во семејството Бајрам, човекот кој од сите нас направи луѓе. Човекот кој знаеше да не собере на маса и да не зближи сите. Човекот чие име беше клуч за сите врати. Но не само за нас како семејство, туку за сите Роми во државата. Жалосно, изгубивме планина од човек, изгубивме заштита, изгубивме СЕ!!! И нема, нема верувајте, нема човек кој може да го замени неговото присуство. Нема кој да вработува, нема кој да гради, нема кој да се бори, нема кој да чукне на маса и нема кој да застане зад сите нас. Сите ние учиме од него, ги учиме неговите постапки, го учиме неговиот однос кон семејството и политиката, го учиме неговиот начин на размислување за животот, се трудиме да го имитираме… ама тешко ни оди!!!
Тој почина но неговото име НЕ!!!
Аллах Џенет нека му даде
Амди Бајрам 1956 – 2020
Пишува синот Габриел Бајрам

The post Денес, 24 октомври, точно пред 3 години не напушти Амди Бајрам appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK