октомври 24, 2024

Модниот бренд на ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (43), „Скимс“ лансираше нова линија за мажи. Станува збор за долна облека, а заштитно лице на кампањата беа спортисти. Меѓу нив се фудбалерот Нејмар (31), кошаркарот Шаи Гилгеус-Александер и Ник Боса, ѕвездата на американскиот фудбал.

– Имајќи икона како Нејмар како заштитно лице на нашата кампања, со НБА Ол-старот Шаи Гилгеус-Александер и најдобриот одбранбен играч во НФЛ Ник Боса, мислам дека доволно зборува за начинот на кој „Скимс“ еволуираше во бренд кој може да обезбеди производи за целата публика, не само за жени – рече Кардашијан на промоцијата на кампањата.

Познатите спортисти носеа долна облека „Скимс“ за снимањето на кампањата. Првиот што Ким го сподели на социјалните мрежи беше Нејмар.

– Ким, навистина знаеш како да привлечеш жени – коментираше еден следбеник под фотографијата.

НБА кошаркарот Шаи Гилгеус-Александер и американскиот фудбалер Ник Боса беа пред објективот во долна облека.

Инаку, Ким Кардашијан го основаше модниот бренд во 2019 година, а неговата вредност се проценува на четири милијарди долари.

The post Нејмар позира во долна облека од брендот на Кардашијан appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK