октомври 24, 2024

Македонската дива Калиопи вечерва настапува во Домот на млади во Сараево, каде што ја воодушеви публиката со енергичен настап.

Препознатлива по својот раскошен вокал, Калиопи вечерва во Сараево ги изведе своите најголеми хитови.

Повеќе не личи на себе | Џенифер Анистон е на мета на гледачите затоа што мислат дека претерала со операциите
Калиопи воодушеви со својата енергија на концертот во Сараево: Во еден момент се симна од сцената и ја прегрна публиката
Фатена со колега кој штотуку се разведе, па објави дека е сингл: Социјалните мрежи горат
Навистина е готово: Не сакаат никаква врска со Русија
Ким Кардашијан за нејзиниот 43-ти роденден „пукаше” – само за храбрите
Стравот беше оправдан: Кина и Русија градат свој блок на нации за да се справат со Западот
Мечка нападна човек кај Македонски Брод
Институциите да не молчат, како директор на Лотарија потпишал договор со фирма каде дел е член на УО на Лотарија?
Се огласи Елена Ристеска по повод нападот врз неа во едно скопско кафуле

На музичката дива на сцената и се придружи Жељко Самарџиќ кој со неа ја изведе дуетската песна „Знам“.

Она што особено ги воодушеви присутните е нејзината неверојатна енергија, а пејачката во еден момент воодушевено се спушти меѓу присутните и ги прегрна и со задоволство направи селфи фотографии. Покрај аплаузи и овации, Калиопи доби и цвеќе од публиката.

„Ми недостига Сараево штом знам дека морам да го напуштам… Токму затоа секое враќање во овој град е дар на живот. Сараевската публика не ја доживувам како барана, туку реална. Тоа е публика која има вграден став кон тоа што сака, а што не. Нека се радуваат слободно, затоа што ќе имаме празнична атмосфера! Им подготвувам концерт 10 животи“, изјави пејачката во интервју за Klix.ba. најавувајќи го концертот.

Покрај добрата музика, Калиопи за сараевчани подготви и специјална изложба „Дона“ на сараевската уметница Алма Коњичанин, која ќе можат да ја погледнат за време на концертот и да создадат добро дело.

Имено, изложбата е на продажба, а на иницијатива на Алма Коњичанин и Калиопи, целиот приход од вечерашната продажба на сликите ќе биде дониран на здружение кое ги обединува жените болни од рак.

Инспирација за секоја од 17-те слики се песните на Калиопа, а секоја слика претставува по една песна.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK