октомври 24, 2024

Познатата пејачка Пинк го потпиша својот прв договор за снимање во 1995 година, кој и донесе популарност и и го промени животот. Само неколку недели пред тоа била во опасност да умре, поради предозирање.

Деталите од тоа трауматично искуство таа ги откри неодамна во емисијата „60 минути“. Пинк рече дека земала „екстази, ангелска прашина, кристал, секакви нешта“ на Денот на благодарноста.

Кога водителот ја прашал: „За малку ќе умревте?“, таа одговори: „Да“ и додала дека во тоа време била „надвор од шините“ и дека пред тоа го напуштила средното училиште.

„Бев клошар. викав и се лутев. Пораснав во куќа во која моите родители секој ден врескаа еден на друг, фрлаа работи, се мразеа. Почнав да се дрогирам, продавав дрога”, раскажала пејачката.

Пинк потпиша договор со LaFace Records како член на групата Choice, и започна соло музичка кариера во 2000 година по номинацијата за Американска музичка награда.

Во 2012 година, пејачката во интервју за Entertainment Weekly откри дека од 12 до 15 години интензивно одела на забави, дека ги консумирала сите „клупски дроги“ и дека нејзината пријателка починала од предозирање. Престанала да користи дрога откако тоа за малку ќе ја чинел живот: „Таква сум јас. Кога ќе одлучам, завршувам“.

Таа нагласи дека тешкото детство ја направило силна: „Никогаш не добив дискографски договор затоа што бев слатка. Потпишав договор затоа што бев борбена, имав толку многу да кажам и имав став“.

Пејачката има две деца со сопругот Кери Хант.

 

The post (Видео) Пинк: За малку ќе умрев, мешав разни дроги appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK