октомври 24, 2024

Во анализата на видеото од Ист Гејт на кое се гледа како засега непознато лице пука во двајца луѓе се забележува дека жртвите на една до две секунди пред да биде пукано го забележуваат напаѓачот.

На видеото убаво се гледа дека двете жртви се загледуваат кон човекот што преходно ги следел и се движел зад нив и во еден момент додека се тие на ескалаторот истрелува повеќе куршуми во нив.
Времето од кога го виделе додека тој пука е максимум две секунди поради тоа тие не можеле ниту да бегаат ниту на друг начин да се спасат од нападот, анализираат припадници на МВР.

Од видеото може да се претпостави дека жртвите се на штрек и дека очекувале напад но нејасно е зошто иако пред два месеци едната жртва била цел на сличен напад повторно се движел низ Ист Гејт.

Внимателно гледање на видеото од денешното пукање во Ист Гејт Мол се гледа како двајцата сега веќе повредени ги вртат главите во правец на напаѓачот откако претходно излегуваат од теретана и се упатуваат кон најблискиот излез и скали.

Откако тие се симнуваат по ескалаторот зад грб им приоѓа лицето кое на себе има и слушалки и црна капа, по што пука кон нив и бега.

Инаку по денешното пукање во „Ист гејт мол“, едно лице е во критична состојба, а друго е пренесено на Клиниката за торакална хирургија. Информацијата за МИА ја потврди директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков.

,,Двајца пациенти се примени во болницата, станува збор за две машки лица. Едниот пациент е задржан кај нас, веднаш е однесен во операциона сала поради сериозноста на повредите. Во моментов се изведува оперативен зафат кај овој пациент. Во тешка состојба е и врз него се врши оперативен зафат поради повреди во стомакот и во градната шуплина. Другиот е препратен на Клиниката за торакална хирургија. И кај едниот и кај другиот пациент се работи за прострелни рани”, појасни Арсенков.

Министерството за внатрешни работи потврди дека имало пукање во овој скопски трговски центар, екипи на МВР се на терен и работат на расчистување на случајот.

Целото видеоТУКА

The post Жртвите во Ист Гејт го виделе напаѓачот кратко пред тој да пука во нив (ВИДЕО) appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK