октомври 24, 2024

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека Секторот за внатрешни работи во Скопје од вчера активно работи на расчистување на вчерашниот инцидент во „Сити Мол“, кога од страна на вооружен напаѓач тешко се ранети две лица. Како што рече Спасовски, целта е да се открие сторителот на делото, но и мотивите за него.

„Што се однесува до инцидентот, веќе активно се работи, формиран е посебен штаб во СВР Скопје, приклучени се од одделот за криминалистичка полиција, форензика, одделот за организиран криминал и тн,. сѐ со цел да се утврдат фактите и да може да се открие и сторителот и мотивите коишто се во однос на овој настан“, рече Спасовски.

The post Повеќе тимови работат на расчистување на вчерашниот вооружен инцидент во „Сити Мол“, вели министерот Спасовски appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK