октомври 24, 2024

Царинските службеници на „Табановце“ во текот на минатиот викенд запленија околу 20 илјади евра кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата. Непријавените девизи се откриени при детална контрола на возилото со кое лицето патувало.

Царината со полни раце работа, заплени речиси 30 илјади евра од македонски државјанин
Енергијата е дополнителна причина за брзо зачленување во ЕУ!
СЕ СМЕТАЛЕ ЗА „БОЖЈА КАЗНА“: Еве зошто кралицата Елизабета сокрила две блиски особи, а причината е МРАЧНА
Раде знам дека се плашиш, што да се прави, живот, тоа е! Драматична најава му претходеше на пукањето во трговскиот центар?
4 најлоши бои за ѕидовите во станот: Дизајнерите на ентериер тврдат дека овие нијанси ќе направат просторот да изгледа уште помал
Заменете ја есенската суперхрана! Експертите тврдат – ерекцијата е загарантирана
ЕК на 8 ноември ќе ги презентира извештаите за напредокот на земјите од Западен Балкан кон ЕУ
ЖЕСТОКА КАВГА МЕЃУ ИЗРАЕЛСКИОТ ДИПЛОМАТ И ШЕФОТ НА ОН: Гутереш го критикуваше бомбардирањето на Газа
Сакате да живеете 100 години? Здравите навики не се доволни

На 22 октомври, македонскиот државјанин кој управувал возило со шведски регистарски таблички, на влез во државава изјавил дека со себе има само околу 10 илјади евра, иако носел вкупно 29.950 евра. Поради постоење на сомнеж, царинските службеници извршиле детална контрола и притоа зад возачкиот штитник за сонце и во просторот помеѓу предните седишта откриле поголем износ на девизи, коишто лицето не ги пријавило и за истите не поседувало документ за потекло.

Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 10 илјади евра, а останатите 19.950 евра се привремено задржани и согласно регулативата ќе бидат предадени во Народна банка. Против лицето е поднесена пријава за сторен девизен прекршок.

Царинската управа известува дека при секој влез во државата, патниците можат слободно да внесат девизи во износ до 10.000 евра по лице. Доколку се внесуваат ефективни странски пари – девизи над 10.000 евра, лицата се задолжени истите да ги пријават на царинскиот орган.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK