октомври 24, 2024

Испржете компири, печурки и пиперки и направете совршена вечера за целото семејство која нема да ве чини многу.

Компирите се практична и евтина храна од која можете да направите широк спектар на јадења. Воглавно одлично се во комбинација со месо, зеленчук, може да се додадат и во тесто… а најчесто се служат како прилог. Доколку сакате да јадете компири, ви предлагаме да го пробате овој рецепт. Додајте во него пржен зеленчук како печурки и пиперки и за малку пари направете совршено вкусно јадење кое ќе го сака целото семејство.

Потребни состојки:

300 гр печурки
1 пиперка
1 кромид
700 гр компири
масло
½ китка магдонос
сол
бибер
Подготовка:

Во тавче пропржете ги сечканите печурки, па додадете бибер и кромид исечкан на ребра. Зачинете со сол и бибер, а потоа измешајте и динстајте додека не омекнат. Во друга тава на малку масло пропржете ги ситно сечканите компири. И нив зачинете ги со сол и бибер. Потоа во сад измешајте ги пржените компири со печурките и пиперката, по потреба додадете уште зачини и измешајте. Посипете со сечкан магдонос.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK