септември 23, 2024

Кога стапив на функцијата во 2020 година во кабинетот начекав 70 договори за државна помош на компании кои инвестирале во петгодишен циклус, а сега во мојот кабинет има 620 договори за државна помош, реќе вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во Алсат телевизија.

-Односно, 620 компании виделе можност за инвестирање и за првпат годинава ќе исплатиме 30 милиони евра државна помош кон овие компании коишто почнале инвестициски циклус во кризни години. Од нив 97% се домашни и ја виделе можноста зашто се дел од вредносните ланци од одредени индустрии. Сите се во преработувачкиот сектор. Воедно, сите индустриски зони се отворени за сите, како домашни, така и странски компании и ги усогласивме условите за поддршка за домашните и странските компании. Сите индустриски зони во општините се поддржуваат и од страна на централната власт и ако треба ќе бидат поддржани и во инфраструктура, кажа Битиќи.

The post Битиќи: Годинава за првпат исплаќаме 30 милиони евра кон компании што инвестираа за време на кризата appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK