декември 29, 2024

Со два теста седмично, со задолжителна маска и под конкретен протокол, невакцинираните здравствени работници во Грција, од 1 јануари 2023 година се враќаат на нивните работни места по 16 месеци принуден и неплатен одмор, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, говорејќи од Парламентот, соопшти дека надлежната комисија препорачала невакцинираните лекари и болничари задолжително да се тестираат два пати седмично, што ќе биде на нивен личен трошок, задолжително да носат маска со висока заштита, да бидат под надзор дали ги почитуваат мерките и да не работат на одделите за интензивна нега, за интензивна нега на новороденчиња и онаму каде што се лекуваат имунокомпромитирани пациенти.

Според Плеврис, секое прекршување на протоколот ќе претставува дисциплински прекршок.

Мерката за принуден неплатен одмор за невакцинираните здравствени работници беше воведена во септември 2021 година, првично беше предвидено да биде во сила до 31 март годинава кога беше продолжена до крајот на 2022 година, продолжување за кое Уставниот суд на Грција минатиот месец одлучи дека е противуставно.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK