октомври 24, 2024

Нема ништо поедноставно од ова и може да ви биде од голема корист.

Кога станува збор за слабеење,веднаш на ум ви доаѓаат вежбање,теретана и гладување.Ништо не треба да се форсира,ниту навиките да се менуваат одеднаш.Патот до здравите навики е поплочен со постојано учење,слушање на суштинските телесни потреби и истрајност.

Вистина е дека корекција на исхраната е многу важна за постигнување на вашата идеална тежина,како и физичката активност, но една работа може многу да ви помогне во сето тоа. Веројатно мислите дека нешто е многу тешко,но како што веќе рековме, треба да почнеме со мали нешта и да научиме колку добро можат да ни донесат.

Да земеме за пример редовно и доволно внесување вода,како што пишува и предлага “Newsweek“.

Имено,во 2013 година е спроведена студија во која на 50 жени со прекумерна тежина им било побарано да пијат 500 мл вода пред секој оброк,односно појадок,ручек и вечера,во период од осум недели.Кога ќе направите математика,тоа е литар и половина вода дневно.Резултатите покажале дека тоа резултирало со намалување на телесната тежина.

Ќе признаете дека многумина од нас немаат честа навика да посегнуваат по чаша или шише вода додека не почувствуваат жед. Ако спаѓате во оваа група на луѓе,тогаш потрудете се да ја вклучите водата за пиење во вашата рутина.

За полесно да започнете со оваа работа,ставете парче овошје во водата и исто така ќе внесете одредени витамини.Тоа може да биде јаболко,банана,круша,лимон,лимета или кое било друго овошје што го сакате.

Она што дополнително може да ви помогне да изгубите тежина е чинија супа пред вечера.Ако навистина не можете да се откажете од доцниот оброк,тогаш пред него изедете добра чинија супа која ќе ве засити и автоматски ќе изедете помалку од вечерата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK