октомври 24, 2024

Австралиска баба стана сензација на социјалните мрежи благодарение на нејзината посветеност на физичката активност и фитнесот.

Лесли Максвел, која има 66 години и живее во Мелбурн, редовно поминува време во теретана, а благодарение на нејзината посветеност на вежбањето изгледа навистина импресивно.

Нејзиното тело и изгледот и го одземаат здивот на сите, а привлекува и големо внимание, особено кај спротивниот пол, меѓу кои е попопуларна и од нејзината внуката.

МЕДОТ И ЦИМЕТ СЕ ДОБИТНА КОМБИНАЦИЈА: ИМУНИТЕТОТ се зајакнува, а настинката исчезнува за еден час
ЗГОЛЕМЕН БРОЈ НА ИНФАРКТИ И МОЗОЧНИ УДАРИ! Кардиохирург: Едвај поминав низ чекалната од пациенти, ова го препорачувам
Американско разузнавање: Знаеме кој ја испука ракетата што ја предизвика експлозијата во Газа
Бектеши: Ќе бараме оштета од Бугарија и дополнителна поддршка од ЕУ за таксата за транспорт на руски гас доколку не бидат ослободени капацитетите на гасоводот
НАЈЗГОДНАТА БАБА ВО СВЕТОТ – Има 66 години, сите мислат дека нејзината внука и е сестра
Поранешен британски полицаец осуден на доживотен затвор за повеќе од 100 сексуални злосторства врз деца
ХРВАТКА ГО КРЕНА ФУСТАНОТ И НАПРАВИ ВИСТИНСКИ ХАОС ВО ВАТИКАН – Убавицата го украде погледот на сите минувачи
Македонија на 67-то место на најновата листа на Индексот за владеење на правото
БРЕДЛИ КУПЕР Е ‘МАГНЕТ’ ЗА СУПЕРМОДЕЛИ – Ирина Шајк не е среќна за новата врска на нејзиниот поранешен: “Таа е и помлада од мене…“

Лесли Максвел редовно споделува провокативни и разголени фотографии на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, а повеќето од нив се направени во теретана, каде што сака да тренира со нејзината внука Тиа. Интересно е што Тиа, внука која е многу отворена за разговор на социјалните мрежи, признала дека баба и и е сериозна конкуренција кога е во прашање привлекувањето на машкото внимание.

„Ми се додворуваат дури и 18-годишници, што е навистина смешно. Понекогаш се прилично експлицитни. Сето тоа го сфаќам како комплимент, одлично е што сум и интересна“, вели Лесли Максвел, која овие пораки ги смета за комплименти.

И додека Тиа се забавува со огромното внимание кое баба и го привлекува на социјалната мрежа Инстаграм, ќерката на 66-годишната Лесли Максвел, Ванеса, која баш и не се занимава со фитнес, не е толку воодушевена од објавите на нејзината мајка на социјалната мрежа.

„Таа сè уште ми е мајка, не е ќерка тинејџерка или нешто друго. Не сакам да се промени, само малку да се спушти на земја“, изјавила Ванеса.

Од друга страна, Лесли Максвел своите објави на социјалната мрежа Инстаграм ги смета за дел од нејзината работа.

„Навистина сакам фитнес и секогаш сум во теретана во оскудна облека, но и се натпреварувам, па навикната сум да бидам на сцена во минијатурни бикини. Не ми е проблем да прикажувам такви фотографии. Не сум се срамам од своето тело. Морам да бидам производ во кој верувам. Не сакам да прикривам и ако сакам да го покажам своето тело ќе го покажам. Зошто да си стар и болен ако не мораш, зошто да не бидеме на врвот на светот“, вели самоуверено таа.

Лесли Максвел решила да стане личен тренер кога имала 48 години и таа година победила на својот прв фитнес натпревар. Смета дека својот младешки изглед го должи на строгиот фитнес режим и фактот што тренира најмалку пет пати неделно.

Во минатото таа работела како шминкерка, а денес стана инспирација за многумина благодарение на нејзиниот животен став и посветеноста на физичката активност.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK