октомври 24, 2024

Израелските власти денеска престанаа да им издаваат визи на претставници на Обединетите нации, еден ден откако генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека нападот на Хамас врз Израел бил предизвикан од израелската окупација на Појасот Газа, објави денеска „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на неименуван израелски функционер.

Маричиќ на Форумот во Брисел: Среде кризи ЕУ ја засилува соработката за заедничко надминување на предизвиците 
Убиецот испукал цел шаржер кон нив, носел и гумена маска на лицето: Нови детали од пукањето во Скопје, откриено е кој бил со Трајковски (видео)
Борел: Руска војска на полската граница – забрането е! Калининград ЈАСЕН, никогаш повеќе Кенигсберг – тука сме од 1945 година!
Израел престана да издава визи за претставници на Обединетите нации
СЕ ЗГОЛЕМУВА БЕЗБЕДНОСТА: Полска најави воени вежби на границата со Русија и Белорусија
Руските нуклеарни сили вежбаат интензивен нуклеарен напад!
РЕВОЛУЦИОНЕРНО ОТКРИТИЕ | НОВА ВАКЦИНА ГО СУЗБИВА УСПЕШНО РАКОТ
Макрон: Идејата за Палестина и Израел како две држави не е застарена
Макрон: Масовна копнена операција во Газа би била голема грешка

Претходно, амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан, најави дека претставниците на Обединетите нации нема да добијат визи поради изјавата на генералниот секретар.

„Време е да им одржиме лекција“, рече Ердан.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш објави дека нема оправдување за смртоносниот напад на Хамас врз Израел, откако израелските власти го повикаа да поднесе оставка поради неговата изјава дека нападите на Хамас „не се случиле во вакуум“, пренесува Танјуг.

Гутереш на социјалната мрежа Икс (Твитер) напиша дека страдањето на палестинскиот народ не може да ги оправда страшните напади на Хамас, ниту дека нападите на таа група можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ, пренесе Ројтерс.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK