октомври 24, 2024

За преживеаниот страв и храброста, 76-годишниот Минче Рамчески од Пласница доби парична награда од 30.000 денари од страна на Општината. Веста ја соопшти градоначалникот Алија Јаоски на социјалната мрежа Фејсбук.

„Денес општината одлучи на нашиот сограѓанин Минче Рамчески кој се најде во необична и застрашувачка ситуација да му додели финансиска помош од 30.000 денари за претрпен страв и неговата храброст. Тој ги искористи своите вештини и храброст и се одбрани од напад на мечка.
Со ова, ги повикувам сите наши сограѓани и нашата дијаспора да се приклучат во овој хуманитарен напор и да донираат за поддршка на нашиот граѓанин Минче Рамчески во неговата борба да го надмине овој тежок период. Ниту еден придонес не е мал, и секоја помош ќе има значаен удел во неговото физичко и емоционално опоравување“, се вели во објавата на градоначалникот на „Фејсбук“

The post Минче од Пласница ќе добие парична награда од 30 илјади денари по нападот од мечка! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK